Лојд Остин во ненајавена посета на Ирак
Посетата има за цел да покаже дека САД се решени да го задржат своето воено присуство во земјата, речиси 20 години откако коалицијата предводена од САД го нападна и го собори режимот на Садам Хусеин...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во ненајавена посета на Ирак. Посетата има за цел да покаже дека САД се решени да го задржат своето воено присуство во земјата, речиси 20 години откако коалицијата предводена од САД го нападна и го собори режимот на Садам Хусеин.
„Имав продуктивен состанок со ирачкиот премиер Ал Судани. Овие ангажмани ја нагласуваат посветеноста на САД за проширување на нашето партнерство со народот и владата на Ирак. Ние сме длабоко посветени на осигурување дека ирачкиот народ може да живее во мир и достоинство, со сигурност и безбедност и со еднакви економски можности за сите“, изјави Лојд Остин, секретар за одбрана на САД.
