Битола

Во Битола одржан семинар во рамките на ЕУСАР и Интерег-ИПА програмите

07.03.2023 13:59

На битолскиот Факултет за информатички и комуникациски технологии се одржа семинар на тема „ЕУСАИР и Интерег-ИПА програмите: Можности за образовните институции и локалните заедници“ со цел подобро запознавање на младите за можностите што им се нудат на регионално ниво и подобра подготвеност за аплицирање на пазарот на трудот...

Без вклученоста на младите не можеме да говориме за издржани развојни регионални програми. Со овој прекуграничен проект идејата не ни е младите да бидат ангажирани само на проектно, туку и на програмско ниво. Само така тие можат да разберат како функционираат институциите од двете страни на границата и да го дадат својот придонес во креирањето на политиките за развој на овие региони, беше главната порака на гостинката од Албанија.

„Секоја од програмите има своја датабаза за тоа колку млади се вклучени. Она што ние генерално го гледаме е дека се работи за се поголемо вклучување на младите. Нивниот бенефит е што можат да учествуваат во различни програми за прекугранична мобилност и зајакнување на нивните капацитети за влегување на пазарот на трудот“, изјави Крисела Хацкај, извршен директор на Институтот за соработка и развој од Тирана.

На овој начин покажуваме колку е битен хеликсот помеѓу академијата, бизнисот и локалниот сектор и значат за вклучувањето на студентите во на целокупниот процес.

Од Факултетот за информациски и комуникациски технологии се вклучени околу 50-сет студенти кои во изминатиот период биле успешни носители на два Интерег – ИПА проекти.

 

Стевче Митревски