Кривичен суд

Судењето против сопственикот на „ДоказМ“ одложено за 10 март

07.03.2023 14:03

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ беше спроведен во скопскиот Кривичен суд, но првото рочиштето се одложи. Неговата одбрана побара да се изземе скопското Обвинителство од постапување по предметот...

Судењето против сопственикот на порталот „ДоказМ“ Марјан Стаменковски се одложи за в петок откако неговата одбрана побара изземање на скопското Обвинителство од предметот. Адвокатите тврдеа дека сите обвинители од скопското Обвинителство може да се јават како оштетени во постапката, па затоа побараа да постапува обвинителство од внатрешноста.

На почетокот на судењето, јавноста беше исклучена од главната расправа поради изнесување лични детали од животот на оштетените.

Стаменковски е обвинет за неколку кривични дела: ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци. Тој беше приведен на 9-ти февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои се вештачат, како и поголема сума пари.

 

 

 

Ана Јофисока Тодоровска