Владата го одобри договорот за изградба на коридорите 8 и 10-Д
Договорот со Меѓународниот конзорциум Бахтел Енка за изградба на четири автопатски делници на Коридорите 8 и 10-Д го мина владиниот филтер...

Договорот со Меѓународниот конзорциум Бахтел Енка за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10-Д го мина владиниот филтер. Надзор ќе врши конзорциумот ИРД Инженеринг-соопштија од кабинетот на вицепремиерот Груби. Пред неколку неделни одобрени биле и сите предуслови за почеток на преговорите и формирањето на работни групи меѓу изведувачот и надзорот.
Станува збор за автопатот Тетово – Гостивар, кон Кичево преку Струга до Ќафасан, а на Коридорот 10-Д на делницата од Прилеп до Битола со должина од 40 километри. Договорено е период на реализација да трае три години по почеток на градежните работи.
Договорите поврзани со изградбата на овие автопатишта деновиве се една од најактуелните теми во јавноста и прозивки меѓу опозицијата и власта.
