Отец Царкњас за нападот врз него во Грција: Се заклучив во автомобилот, скршија стакло, но не дојдоа до мене
Православниот свештеник, отец Никодим Царкњас кој беше нападнат во Грција каде живее, преку видео на социјалните мрежи се обрати и објасни како бил нападнат. Отец Царкњас смета дека нападот е поради етничката припадност и дека никогаш нема да биде решен како и досегашните напади врз Македонци...

Православниот свештеник, отец Никодим Царкњас кој беше нападнат во Грција каде живее, преку видео на социјалните мрежи се обрати и објасни како бил нападнат. Отец Царкњас смета дека нападот е поради етничката припадност и дека никогаш нема да биде решен како и досегашните напади врз Македонци.
„Пред десетина дена ме нападнаа, додека бев во колата. Имаа намера и мене да ме нападнат. Ама ме чуваше Господ и денес сум здрав и жив. Ја заклучив колата и тоа мене ме спаси. Само задното стакло го скршија. Затоа веруваме со божја помош и со Ваша помош ќе успееме, вели отец Царкњас во видеото снимено во Св. Злата Мегленска, црквата во Мегленско која наскоро треба да биде отворена“, рече отец Никодим Царкњас.
