МВР
Претрес во Македонска Каменица, пронајдена пушка, делови од оружје и муниција
07.03.2023 15:32
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи.

Полициски службеници од ОВР Делчево вчера го лишиле од слобода И.Г.(30) во с.Моштица, општина Македонска Каменица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи.
Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
