Дијаспора
Привршува изградбата на православната црква „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд
07.03.2023 16:00
За подот е донесен мермер од Македонија, за секој којшто ќе влезе во овој свет храм да може да стои на ова тло и да се чувствува како да е во родната земја...
Минатата година се изведуваа градежни зафати кои се финални на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд. Многу средства се донирани за изградба на оваа црква и управата постојано координираше со народот кој живее таму.
За подот е донесен мермер од Македонија, за секој којшто ќе влезе во овој свет храм да може да стои на ова тло и да се чувствува како да е во родната земја.
Сонцето од Кутлеш е изработено од Горан Павлов. Дел од фреските се изработени од македонскиот зограф Славица Михаилова, а олтарот го изработи македонскиот копаничар Јане Крстевски.
Елена Стојкоска
