Македонија

Министерот за правда Лога оствари средба со евроамбасадорот Гир

07.03.2023 16:04

Министерот Лога го информираше евроамбасадорот Гир за активностите кои се преземаат во насока на подобрување на условите и состојбите во затворите имајќи ги предвид препораките на Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување на Советот на Европа.

Министерот за правда Крена Лога денеска оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. Се разговараше за планираните реформи во судството, заштита на човековите права, скринингот, евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, изборната реформа, имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, борбата против криминалот и корупцијата, соопштуваат од Министерството за правда.

Министерот Лога го информираше евроамбасадорот Гир за активностите кои се преземаат во насока на подобрување на условите и состојбите во затворите имајќи ги предвид препораките на Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување на Советот на Европа.   

Евроамбасадорот Гир посочи дека се потребни натамошни напори за отстранување на политички влијанија врз судството. Изразена е надеж за натамошна успешна реализација на  реформите  давајќи максимална поддршка за евроинтегративниот процес, стои во соопштението.