Пропадна уште еден обид да се утврди предлог за избор на судии на Уставниот суд
Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска ја прекина седницата откако условите за работа се усложнија поради репликите и обостраното упаѓање со заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, која бараше процедурално и не сакаше да го исклучи микрофонот.

Пропадна уште еден обид на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да утврди предлог за избор на судии на Уставниот суд.
Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска ја прекина седницата откако условите за работа се усложнија поради репликите и обостраното упаѓање со заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, која бараше процедурално и не сакаше да го исклучи микрофонот.
Георгиевска не сакаше да ѝ даде збор веднаш, туку после обраќањето на Игор Здравковски кој требаше да говори прв.
Додека траеше расправијата, двете пратенички речиси постојано зборуваа истовремено, Георгиевска и викаше на Панова да го исклучи микрофонот и да го овозможи одржувањето на седницата, а Панова возвраќаше дека има право на збор.
Претседателката на Комисијата потоа констатира дека нема услови за продолжување на седницата, ја прекина и најави дека ќе биде дополнително закажана.
