Синдикатот на средба со министерот

Здравство: Одобрен е буџетот за покачување на минималната плата, но се однесува само на администрацијата

07.03.2023 17:22

Пат во еден правец, предупредија од Синдикатот за здравство. Одобрен е буџетот за покачување на минималната плата, но се однесува само на администрацијата. Синдикалците се сретна со новиот министер Беџети…

Синдикатот на вработените во здравството на првата средба кај новиот министер Беџети, му ги повториле нивните синдикални барања за ветеното зголемување на платите за 15 насто и порамнувањето со минималната плата.

Синдикалците укажале дека според постоечкиот Колективен договор има неправилности со што хигиеничар би земал поголема плата од медицинска сестра.

Синдикалците од здравството предупредиле дека очекуваат со мартовската плата да се добие ветеното од страна на Министерството за здравство. Во спротивно, ќе мора повторно со протести да ги бараат своите права.

Синдикатот на здравство веќе имаше предупредувачки протест пред еден месец поради доцнењето на платите за јануари поради проблеми со списоците во Фондот за здравство.

Ирина Гелевска