УЕФА на речиси 20 илјади навивачи на Ливерпул ќе им ги врати парите за влезници за финалето на ЛШ

07.03.2023 18:26

Најпрво, УЕФА и францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ги обвинија навивачите на Ливерпул за инцидентот поради блокирање на влезовите на стадионот од илјадници навивачи кои купија лажни билети. Ливерпул застана во одбрана на навивачите и посочи на проблеми со влегувањето на стадионот и безбедносни прекршувања.

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ќе обесштети 19.618 навивачи на Ливерпул за финалето од Лигата на шампионите. Да потсетиме дека на финалето на Лигата на шампионите во 2022 година, во кое играа Ливерпул и Реал Мадрид, во Париз, почетокот на натпреварот доцнеше 36 минути поради организациски проблеми.

Најпрво, УЕФА и францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ги обвинија навивачите на Ливерпул за инцидентот поради блокирање на влезовите на стадионот од илјадници навивачи кои купија лажни билети. Ливерпул застана во одбрана на навивачите и посочи на проблеми со влегувањето на стадионот и безбедносни прекршувања.

УЕФА нареди извештај од независна експертска комисија, врз основа на кој стана јасно дека УЕФА е првенствено одговорна за нередите што почнаа.

Организацијата денеска соопшти дека ќе им плати обештетување на навивачите на Ливерпул. Право на обесштетување имаат и навивачите на Реал Мадрид и неутралните навивачи кои имаа проблеми со влезот на стадионот.