Свет

Унгарија ја поддржува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

07.03.2023 19:29

Унгарските пратеници претходно не беа подготвени да ги поддржат барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, бидејќи тие две земји „шират лаги“ за состојбата на демократијата во Унгарија...

Делегацијата на унгарскиот Парламент, која се наоѓа во посета на Шведска, по денешната средба со претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен, соопшти дека Будимпешта ќе ја поддржи шведската кандидатура за членство во НАТО.

Унгарските пратеници претходно не беа подготвени да ги поддржат барањата на Шведска и Финска за членство во НАТО, бидејќи тие две земји „шират лаги“ за состојбата на демократијата во Унгарија. Меѓутоа, унгарската делегација денеска посочи дека парламентот во Будимпешта сепак ќе го ратификува барањето на Шведска да стане членка на НАТО.

Заменик-претседателот на унгарскиот Парламент, Чаба Хенде, за шведската новинска агенција ТТ изјави дека Унгарија „го поддржува членството на Шведска во НАТО“.