Свет

Масовни протести во Грузија против законот за странски агенти

08.03.2023 10:02

Илјадници луѓе во Грузија демонстрираа против предложениот закон против „странски агенти“. Во Тбилиси демонстрантите се судрија со полицијата...

Илјадници луѓе во Грузија демонстрираа против предложениот закон против „странски агенти“. Пред парламентот во Тбилиси полицијата употреби солзавец и водени топови за да го растури протестот.

Според контроверзната регулатива, организациите кои добиваат најмалку 20 отсто од своите финансиски средства од странство во иднина треба да бидат регистрирани во Грузија како таканаречени „странски агенти“. Прекршителите ќе подлежат на високи казни. Од новите правила би биле погодени и многу медиумски компании.