Грција

Работниците на протест во Грција, блокади во сообраќајот

08.03.2023 10:13

Работниците од јавниот сектор во Грција се приклучуваат на големиот штрајк поради железничката несреќа. Се очекуваат поголеми нарушувања на работата на метрото, трамвајот и автобусите...

Работниците од јавниот сектор во Грција се приклучуваат на големиот штрајк во знак на протест поради железничката несреќа во која загинаа 57 лица. Граѓаните се незадоволни од лошата состојба на овој сегмент од транспортот, долгогодишното запоставување, недоволното инвестирање што се резултат на децениската должничка криза во земјата.

Се очекуваат поголеми нарушувања на работата на метрото, трамвајот и автобусите. Траектите остануваат на пристаништата. Грчкиот премиер Мицотакис во обраќањето до нацијата рече дека сè укажува на трагична човечка грешка, но прифати дел од критиките, признавајќи дека децениското запоставување можело да придонесе за катастрофата.