Ден на жената

Борбата за рамноправност продолжува

08.03.2023 12:49

Политичката и општествената борба за рамноправност не е завршена. На Меѓународниот ден на жената – 8 Март, акцент се става на еднаквите можности во политиката, општеството, социјалниот живот, но и елиминирање на дискриминацијата. Во центарот на Скопје протестен марш под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“...

Дали се рамноправни жените и мажите на пазарот на труд? Дали е подеднакво вреднувана и платена нивната работа? Постои ли поделеност на домашните обврски и грижата за децата? Дали жената е почитувана секојдневно или само на 8 Март? Ова се дел од прашањата на кои побаравме одговор од граѓаните.

Жените на работното место честопати се соочуваат со стереотипи и бариери, некаде се и помалку платени од мажите, иако се на иста позиција. Иако има подобрување, сè уште не е постигната рамноправна застапеност ниту во нивното учество во власта.

Претседателот Пендаровски предупреди дека ниту едно општество не може да се развие доколку половина од населението е исклучено од тој развој и затоа е потребна поголема вклученост на жените во општествениот живот. Премиерот Ковачевски, пак, рече дека жените заслужуваат признание за нивната храброст, упорност, достоинство и борбеност, но не само на 8 Март, туку секој ден.

 

Александра Велинова