Утре пратениците ќе ги земат уверенијата од ДИК
Оценката за изборниот 27-ми април, првиот човек на комисијата ја најави по истекот на жалбената постапка...

ДИК едногласно го усвои и заклучокот за парламентарните избори. Од утре пратениците ќе можат да ги земат уверенијата за освоените мандати. До комисијата како што изјави Рилкоски, досега ниту една партија не доставила информација за неприфаќање на мандатите.
„Ние немаме никаква информација дека некој званично ќе ги врати мандатите“, рече претседателот на ДИК, Никола Рилкоски.
Оценката за изборниот 27-ми април, првиот човек на комисијата ја најави по истекот на жалбената постапка. Роковите завршија и оценката повторно изостана.
„Не се грижете и тоа ќе го добиете“, рече Рилкоски.
Откако ДИК извештајот за освоените мандати ќе го достави до собранието, спикерот Вељаноски се очекува за петок или сабота да ја закаже конститутивната седница и верификационата комисија да ги потврди мандатите.
Виолета Димовска
