Во Битола бесплатна обука за децата со посебни потреби, ќе го изучуваат теоретскиот и практичниот дел за јавање на коњ
Експертите за коњи, обучените хипотерапевти од највисок ранг и Сојузот за заштита на животните во следните шест месеци со хумана мисија. Бесплатно 80-сетина деца и младинци со посебни потреби кај кои е присутен аутизмот, церебралната парализа, мултиплекс склерозата и дискусхернија започнаа теоретски а потоа ќе следува и практичен дел да ги изучуваат тајните на јавањето на коњ. Искуството на хипотерапевтите покажува дека вака во рок од четири години состојбата се подобрува за 60-сет посто...

Ентузијастите и вљубениците во јавањето на коњ подаваат хумана рака кон децата и младинците со пречки во развојот. Околу 80-сет вакви лица во Битола ја започнаа теоретската обука. Родителите велат дека ова предизвика многу емоции кај децата.
Оваа невообичаена новина е предизвик и за експертите кои го владеат теоретското знаење. Универзитетскиот професор Гоце Василев вели треба да се оди постепено бидејќи задачата е специфична.
Обучените хипотерапевти од највисок ранг децидни во практичниот дел можат да учествуваат само деца кај кои е присутен аутизмот, мултиплекс склерозата, церебралната парализа и дискусхернијата и јавањето помага во комбинација со медицинската терапија.
Додека детето учи да јава, мора да има строго пропишана придружба.
Стаковска вели дека нејзиното 11-сет годишно искуство покажало дека на над 20-сет деца од пелагонискиот регион во рок од четири години активна хипотерапија, состојбата им е подобрена за 60-сет посто.
Стевче Митревски
