Брисел

Заканувачки пораки за експлозии доби Европската комисија

08.03.2023 14:24

На адресата на Европската комисија пристигнале две заканувачки пораки, на руски јазик за експлозии, за што била информирана и полицијата во Брисел...

На адресата на Европската комисија пристигнале две заканувачки пораки, на руски јазик за експлозии, за што била информирана и полицијата во Брисел.

Белгискиот национален кризен центар предупредува дека пораките не се веродостојни, но ги сфаќаат многу сериозно.

Поради пораките и американската амбасада упати предупредување до своите граѓани во кое ги повика да бидат повнимателни кога патуваат низ градот. Контролите и полициското присуство се зголемени во бриселското метро.