Египет
Железничка несреќа во Египет
08.03.2023 14:35
Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени откако патнички воз излета од шините северно од Каиро, соопштија египетските власти...

Најмалку две лица загинаа, а неколкумина се повредени откако патнички воз излета од шините северно од Каиро, соопштија египетските власти. Повредените се префрлени на лекување. Возот сообраќал кон градот Менуф во делтата на Нил.
Покрената е истрага за причините за несреќата. Во изминативе години, египетската влада најавуваше иницијативи за модернизација и подобрување на железницата.
Претседателот Ал-Сиси во 2018 година изјави дека се потребни околу 8,13 милијарди долари за ремонт на железничката мрежа.
