Меѓународниот ден на жената

Полицијата со подароци и совети до жените возачи во Тетово и Гостивар

08.03.2023 14:47

На неколку пунктови во Гостивар, полициски службеници им делеа на жените возачите, пригодни летоци, освежувачи за возила и цвеќе...

Под мотото „Биди горда што возиш безбедно“, СВР Тетово реализираше превентивно-информативна активност по повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

На неколку пунктови во Гостивар, полициски службеници им делеа на жените возачите, пригодни летоци, освежувачи за возила и цвеќе.

- Во флаерите што ги добиваа гостиварските дами-возачи поместени се повеќе совети, а кои се однесуваат на задолжително користење на сигурносен појас, приспособување на брзината според условите, некористење мобилен телефон при возење, воздржување од консумирање на алкохол и максимална грижа за секој учесник во сообраќајот, наведуваат од СВР Тетово.

Денешните превентивни активности иницирани и спроведени од Отсекот за превенција и се во рамките на заедничката кампања „Вози одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје.