Браунфилд инвцестиции- нови бизниси во стари фабрики
Приказната на италијанецот Џино се вбројува во неколкуте успешни браунфилд инвестиции реализирани во Македонија, модел кој Владата интензивно го промовира. Станува збор за концепт на изнајмување или купување на веќе постоечка фабрика...

Италијански чевел „Мејд ин Маседониа“ за извоз на европските пазари. Накратко ова е бизнис приказната на италијанецот Џино Гуацини, кој со својата компанија Реџиа уште пред десеттина години влезе во некогашниот чевларски гигант Чик од Куманово. Почнал од нула, но денеска фабриката вработува близу 1.000 луѓе и работи за светските модни брендови.
„Ги реновиравме сите објекти, реновирање машини технологија и се. Наместо да правиме лоша копија на Чик ние направивме нешто друго. Земавме добри македонски техничари ги направивме газди на новите фирми. Се прави прилика за 25 нови фирми на екс Чик, на овие македонски фирми им ги дадовме машините, погон, технолоигија и работа, и после 3 години наместо 950 вработени на старо Чик, дојдовме на 1.180 работници. Сега уште таму работиме“, објаснува Џино Гуацини, сопственик на Реџиа.
Приказната на италијанецот Џино се вбројува во неколкуте успешни браунфилд инвестиции реализирани во Македонија, модел кој Владата интензивно го промовира. Станува збор за концепт на изнајмување или купување на веќе постоечка фабрика.
„Имаме многу примери кога странски инвеститори како овде кога странски инвестотир доаѓаат и најлесно им е да почнат со работа преку постоечки објект. Има повеќе причини, а тоа е секако во случај кога префрлаат производство од други земји за да не ги изгубат клиентите во периодот додека градат нов објект и да продолжат со извоз. Користат веќе постоечки обејкти и вработуваат луѓе, тренираат, постојат случаи каде понатаму поради ширење на производството ги прошируваат капацитети во нови објекти, а такви случаи имаме во Македонија“, вели Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции.
Во Македонија има неколку примери во кои браунфилд инвестирањето преминува во гринфилд инвестиција.
Таков е примерот на италијанската компанија Серџиа, која после успешното работење во погонот на поранешната кумановска фабрика Чик, реши да изгради сопствен погон овде во Скопје, во населбата Пинтија.
За странските, но и домашните инвеститори достапна електронска база на браунфилд објекти низ цела држава. Дел од нив веќе поминале стечајни постапки и се со расчистени имотно- правни односи.
Соња Јованова- Наумовска
