Прва пленарна седница за унапредување на родовата еднаквост
Политичарките од собраниската говорница се повикаа на заедништво во идните акции преку професионален, а неполитички пристап. Се одбележува и 20-годишнината од формирањето на Клубот на пратенички. Собранието усвои заклучоците за законски измени за квоти...

Напредок има, но и после 20 години постоење на Клубот на пратенички, остануваат многу предизвици. Воспоставени се механизми, усвоени стратегии, многу законски решенија и меѓународни документи, но целосна еднаквост не е постигната. Политичарките од собраниската говорница се повикаа на заедништво во идните акции преку професионален, а неполитички пристап.
Крај на дискриминација, вознемирување на работно место, консолидирање со жените од фабричките погони, од руралните средини. Но и говорот на омраза преку интернет спрема жените политичарки со мизогени, сексистички и други навреди мора да престане, повикаа пратеничките.
Собранието усвои заклучоците за законски измени за квоти од 30 проценти за жени градоначалнички, 40 проценти во владата и други, за подобрување на положбата на жените, што ќе треба да ги донесе до крајот на годината. Одржувањето седница за унапредување на родова еднаквост ќе премине во традиција.
Фиљана Кока
