Костадиновска-Стојчевска: Жените борци се лекција за идните генерации што значи да се бори за државата што ја имаме денес
Министерката додава дека голем број жени, исто така, учествувале во логистичка поддршка и служејќи како медицински сестри и докторки за лекување на ранетите, а масовното учество на жените било забележано во бунтовничките области, каде што и тогаш неуморно се грижеле за образованието, децата да учат во училиште, да се организираат културни активности и задруги, а со тоа јасно и гласно ја покажувале својата издржливост и снаодливост.

Секогаш кога поминувам во центарот на Скопје, Споменикот на жените во НОБ во паркот „Жена борец“ ме потсетува и претставува доказ за храброста и сплотеноста на жените борци, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод одбележувањето на 8 Март пред четириесет жени – продолжувачи на идеите на жените борци и членки на Сојузот на борците.
Таа додава дека голем број жени, исто така, учествувале во логистичка поддршка и служејќи како медицински сестри и докторки за лекување на ранетите, а масовното учество на жените било забележано во бунтовничките области, каде што и тогаш неуморно се грижеле за образованието, децата да учат во училиште, да се организираат културни активности и задруги, а со тоа јасно и гласно ја покажувале својата издржливост и снаодливост.
Таа додава дека жените борци го отворија патот за идните генерации девојки и жени, за да се инспирираме од нивната храброст и да продолжиме да градиме подобро, поправедно и еднакво општество за сите.
