МЗШВ

Николовски: Се подготвуваме за новата реколта на сончоглед

08.03.2023 15:08

Министерот Николовски, денеска ја посети фабриката за прехранбена индустрија „Кристал 1923“ од Велес и оствари средба со менаџерскиот тим и група земјоделци – производители на сончоглед...

Во пресрет на почетокот на новата сезона, непосредно пред сеидбата на новата реколта сончоглед, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посети фабриката за прехранбена индустрија „Кристал 1923“ од Велес и оствари средба со менаџерскиот тим и група земјоделци – производители на сончоглед.

Минатата година одговорно и навремено презедовме мерки за поддршка на домашното производство. Поттикнувајќи го договорното производство успеавме повеќе од двојно да го зголемиме производството на сончоглед. Во 2022 година ја сончогледот достигна досега највисока откупна цена од 35 денари по килограм, што е за скоро 60% поголема од откупната цена во 2021 година кога изнесувала 22 денари по килограм.

Поддршка за производителите на житни култури обезбедивме и преку Интервентната прогрма со поддршка од 2.500 денари по хектар при набавка на вештачко ѓубриво за сончоглед. Токму овие успешни резултати кои ги постигнавме беа нашиот мотив да ја започнеме најголемата земјоделска реформа преку новиот модел за субвенционирање. Сончогледот е една од културите која се вбројува во листата на значајни култури за која е обезбедена дополнителна поддршка. Со новиот модел сите земјоделци производители на сончоглед добиваат основна директна субвенција од 6.000 денари по хектар и дополнителна субвенција по принос од 6.000 денари. За оние производители кои користат и сертифициран семенски материјал обезбедена е поддршка од 4.500 денари.

Со цел оваа година да имаме уште подобри резултати, министерот Николовски пред производителите на сончоглед денеска го презентираше новиот модел на субвенционирање и новите мерки кои ги ставаме на располагање за поддршка на земјоделците.