Нова рунда преговори во Њујорк- нема нови предлози од двете стани

06.05.2014 17:19

По еден месец од последната средба, посредникот во спорот со името, Метју Нимиц, свика нова рунда преговори за спорот со името помеѓу претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Синоќа Нимиц имал одвоени средби со Василакис и Јолевски, на кои немало нови предлози за решение. На маса сеуште се решенијата кои Нимиц ги предложи во минатиот период.

Во моментов во седиштето на Обединетите нации се одржува средбата на која се очекува да се договорат датумите кога Нимиц ќе ги посети Атина и Скопје во јуни оваа година.

Ирина Гелевска- постојан дописник од Вашингтон за МРТ