МВР

Приведен крадец во Скопје, фатен на дело, спроведен во притвор

08.03.2023 16:24

Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М.М.(38) од Скопје, при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари. Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

Вчера околу 14.05 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР – Одделение за криминалистички работи Центар - Бит Пазар го лишиле од слобода И.С.(56) од Скопје.

Тој бил фатен при извршување кражба, при што од М.М.(38) од Скопје, при качување во автобус одзел паричник со лични документи и пари. Одземеното било вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица.

По насоки од јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка, додека од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор и тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, соопштуваат од МВР.