Подготовки за новата реколта сончоглед, годинава нов модел на субвенционирање
Пред почетокот на сеидбата на новата реколта сончоглед, производителите, откупувачите и власта на средба. Разговараа како да ги натфрлан ланските приноси, кога се постигна и висока откупна цена од 35 денари за килограм. Годинава има нов модел на субвенционирање...

Да се повторни ланската година, но и да се надмине во однос на родот на сончогледот, неговиот откуп и откупната цена. Ова беше разговарано на заедничката средба на одгледувачите на сончоглед, на велешката фабрика која го откупува и министерот за земјоделие. Земјоделците задоволни ако откупната цена ако биде на ланско ниво, најавуваат 20 отсто повеќе заседни површини.
Велешката фабрика за масло за јадење го откупи целиот лански род на сончогледот. И уште во јануари годинава тој е исплатен кон одгледувачите.
Откупениот род беше по висока цена, која тогаш ја диктираше светска берза. Сега таа е драстично намалена, па се бара начин како да се помогне на единствениот откупувач на сончоглед во земјава, велешката фабрика за масло.
Цената на маслото за јадење, како еден од основните прехранбени продукти падна на пазарот, за една година од 170 денари на 90, за литар шише.
Петар Печков
