ЕУ: Постои опасност од граѓанска војна во Украина

06.05.2014 17:22

Европската унија предупредува на опасност од граѓанска војна во Украина, а Москва и Киев не сакаат ни да седнат на иста маса.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров отфрли нови женевски разговори, ако не учествуваат сите страни. Според него, за решение треба прво Киев да ја прекине офанзивата на истокот.

Неговиот украински колега Дешчица побара сите страни да се обврзат на евентуалниот договор, Русија да ги поддржи изборите на 25 мај и да ја повлече војската од границата.

Радата во Киев отфрли сеукраински референдум истовремено со изборите.

Москва прашува – како планирате да одржите избори за време на воена операција во дел од земјата.

На истокот релативно мирен ден, судири и повредени има само во краматорск.