Бочварски на средба со Гир и Матуела
На средбата акцент се стави на проектите во патната и железничката инфраструктура, како важен сегмент во евроинтегративните процеси на земјата.

Динамиката на реализација на инфраструктурните проекти, финансирани со поддршка на Европската Унија во фокус на средбата на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир и Михела Матуела, директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.
На средбата акцент се стави на проектите во патната и железничката инфраструктура, како важен сегмент во евроинтегративните процеси на земјата.
Бочварски, како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, ја потенцираше огромната важност на поддршката што Европската Унија ја овозможува на Република Северна Македонија за финансирање на капиталните проекти и нагласи дека евроинтеграцијата како стратешка политика на државата е врвен приоритет.
Земјава останува посветена во реализација на Националната инфраструктурна стратегија преку реализација на крупни инфраструктурни проекти со кои се подобрува и развива целокупната инфраструктурна мрежа во државата, стои во соопштението.
