Цистична фиброза

Лекот Трикафта пристигна во земјава, ќе го користат оние кои се во најтешка здравствена состојба

08.03.2023 18:57

Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза имаа средба со новиот министер Меџити, по која се надеваат на системско решение за сите пациенти.

Нова надеж за пациентите со цистична фиброза. Лекот Трикафта пристигна во земјава, ќе го користат оние болни кои се во најтешка здравствена состојба. Претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза имаа средба со новиот министер Меџити, по која се надеваат на системско решение за сите пациенти.

„Лекот Трикафта се наоѓа веќе на македонска територија што значи дека во скоро време ќе се достави до клиниките каде што ќе се лекуваат нашите пациенти. Станува збор за критична група на пациенти кои ќе започнат да ја употребуваат оваа терапија, а зборувавме и за вклучување на поголем број пациенти кои ќе ја користат оваа терапија во текот на годината и да се изнајде едно системско решение дека сите пациенти ќе почнат да ја користат оваа современа терапија“, изјави Ивана Атанасоска од Асоцијацијата за цистична фиброза.

Од Владата неодамна информираа дека се дефинирани предлог-законските измени кои на државата ќе ѝ овозможат олеснета набавка на лекови, меѓу кои и Трикафта, за чија итна набавка изминатиов период во неколку наврати апелираа болните од цистична фиброза.