ТикТок може да се користи за контрола и манипулација со информациите
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден претходно неделава го поддржа двопартискиот закон што на претседателот може да му даде овластувања да го забрани TикТок...

Апликацијата ТикТок може да се користи за контрола на податоци и софтвер на милиони уреди во САД и за поттикнување на наративот за поделба на Америка, додека дури и разузнавачките служби би можеле да ја пропуштат таквата манипулација, изјави денеска директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.
Не сме сигурни дека би виделе некои од надворешните знаци на тоа доколку се случи. Тоа е алатка која на крајот е под контрола на кинеската Влада и за мене тоа е причина за загриженост за националната безбедност, рече Вреј, пренесе Блумберг.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден претходно неделава го поддржа двопартискиот закон што на претседателот може да му даде овластувања да го забрани TикТок, што би можело да го забрза решавањето на проблемите за приватност околу популарната апликација.
