Собрание

Собранието ќе ја продолжи 91-та седница

09.03.2023 08:25

Собранието ќе ја продолжи расправата по 91-вата седница, на чиј дневен ред е Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022-ра година и неколку предлог-ратификации, потоа предлог-финансиски планови на Регулаторната комисија за енергетика и на МРТ за 2023-та година...

Собранието денеска, во 12 часот, ќе ја продолжи расправата по 91-вата седница, на чиј дневен ред е Извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2022-ра година и неколку предлог-ратификации, потоа предлог-финансиски планови на Регулаторната комисија за енергетика и на МРТ за 2023-та година.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка и Предлог на закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, во прво читање.

Во Собранието во 10 часот е предвидена проштална средба на полскиот амбасадор Војциех Тицињски со претседателот Талат Џафери.