Временска прогноза
Променливо облачно и релативно топло
09.03.2023 08:43
Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови, повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.
