232 санкционирани возила во Скопје: 73 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, три мерки за нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
