Почнаа подготовките за екстерното тестирање
Со објавувањето на прашањата почнаа и подготовките за екстерното тестирање. Учениците имаа можност да ги разгледаат и да почнат со повторување на материјалот . Средношколците со кои разговаравме велат дека ќе имаат доволно време за да се подготват
Објавени се прашањата за екстерното тестирање. Учениците почнаа со подготовките. Велат имаат еден месец за да го повторат веќе учениот материјал. До 16-ти ќе може да се пријавуваат сите неправилности. Со тестирањето ќе бидат опфатени околу 190.000 основци и средношколци...
„Минатата година ги дознавме предметите неколку недели пред оценувањетот и сетоа тоа требаше набрзина да се повртори...Ги разгледав, многу подобро организирано мислам дека добро ќе помине екстерното...Подобро е затоа што добивме прашања, успеав да разгледам некое, добри се...“, велат анкетираните средношколци.
4-то одделенците кои запрв пат ќе бидат екстерно тестирани веќе почнале да ги учат прашањата.
Екстерното тестирање се спроведува втора година по ред. Раководствата на дел од скопските училишта ги прават сите контроли за оценувањето да помине без проблеми.
„Негативни забелешки нема и од страна на професорите и од страна на учениците, исто така се надеваме дека и сега ќе се спроведе во најдобар ред, едноставно учениците се навикнаа, професорите се навикнаа на самиот процес“, изјави професор Татјана Стојанова Дуева
Учениците од денес може да ги пријавуваат грешките и нејаснотиите. До 16 мај забелешки за прашања може да се испраќаат до ресорното министерството .Стручна комисија од бирото за развој на образование ги изработила прашањата .
„Очекуваме дека нема да има многу корекции на прашањата, затоа што подготовката на прашањата беше со многу сериозен пристап, пофторно ќе кажам дека на веќе изработените прашања имаше контролори“ - Весна Хорватовиќ – директор на биро за развој на образование
Изготвени се 425 800 прашања по 5141 предмет од сите струки и насоки .
Со екстерното тестирање ќе бидат опфатени 189.000 ученици и 18.000 наставници. Ќе се полага од 2- 10 јуни, а предметите ќе бидат познати на три дена пред полагањето .
Викторија Тодоровска
