Руско - украински конфликт
Во ракетен напад погоден енергетски објект во Одеса
09.03.2023 10:06
Масовни руски напади низ Украина. На удар и Киев. Четири часа сирени за воздушна опасност во регионот Лавов. Уништени куќи и луѓе под урнатини...

Руската војска изврши ракетни напади врз голем број украински региони во Одеса и Харков, оставајќи без струја неколку области. Нападите погодија широк опсег на цели, меѓу кои и градовите Житомир, Виница и Ривне, на запад до Дњепар и Полтава во централна Украина.
Експлозии и во Киев. Градоначалникот Кличко, објави дека експлозиите се случиле во областа Холосивски во северозападниот дел на главниот град на Украина. Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од редовно снабдување со електрична енергија, по руски ракетни напади.
