Тбилиси

Грузиската влада го повлече законот за странски агенти

09.03.2023 10:11

Според нацрт-законот, од грузиски организации ќе се бара да се регистрираат како „странски агенти“ или да се соочат со парични казни...

Владејачката партија во Грузија го отфрли законот за „странски агенти“ по насилните протести, поради критиките дека нацртот е инспириран од рускиот закон и претставува авторитарна промена.

Според нацрт-законот, од грузиски организации ќе се бара да се регистрираат како „странски агенти“ или да се соочат со парични казни. Парламентот првично го одобри, но десетици илјади демонстранти два дена протестираа пред парламентот.