САД

Барнс: Трката со Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА

09.03.2023 10:18

Изјавата доаѓа по неодамнешното објавување на годишната процена на заканите на американската разузнавачка заедница...

Технолошката трка на САД со Кина ќе ја одреди иднината на ЦИА, изјави директорот Вилијам Барнс.

Изјавата доаѓа по неодамнешното објавување на годишната процена на заканите на американската разузнавачка заедница, во која Кина беше недвосмислено именувана како најголема закана за националната безбедност на САД.