Лајчак од денеска во дводневна посета на Косово
Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак попладнево ќе ја започне дводневната посета на Косово со средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи...

Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Приштина и Белград, Мирослав Лајчак попладнево ќе ја започне дводневната посета на Косово со средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи.
За време на посетата, како што е најавено, тој ќе разговара за подготовките за средбата во Охрид со највисоките претставници на Косово и со претставници на опозицијата. Лајчак денеска ќе се сретне и со премиерот на Косово, Албин Курти.
Две косовски опозициски партии, ДПК и ДСК, се изјаснија против договорот што беше прифатен на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Курти во Брисел на 27 февруари.
