Помош за турските студенти во државава кои доаѓаа од погодените подрачја од земјотресот
Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на Меѓународниот балкански универзитет, каде во моментов студираат 100-на државјани на Република Турција.

Министерството за образование и наука и Владата ќе им помогнат на студентите од погодените подрачја од земјотресите во Турција кои студираат на универзитетите во нашата земја, со цел полесно да го надминат тешкиот период во кој се наоѓаат поради огромните човечки и материјални загуби во своите родни места. Веќе им понудивме привремено бесплатно сместување и исхрана во државните студентски домови, како и правна помош која воедно тие и самите ја побараа.
Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на Меѓународниот балкански универзитет, каде во моментов студираат 100-на државјани на Република Турција.
Според информациите кои министерот ги добил од студентите, тие најчесто имаат потреба од дополнителни финансии заради намалување на секојдневните трошоци кои, како што рече, нивната потпора во родните места, не е во можност да ги поддржи и покрие во моментот. Во таа насока, веднаш им е предложено бесплатно сместување и исхрана во државните студентски домови.
Шаќири потенцираше дека на студентите им е понудена и правна поддршка, согласно капацитетите на министерството, така што секој студент може да се обрати до МОН и да дојде во просториите на правната служба и да се консултира за тоа што е негов фокус.
