Македонија

80 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи, од кои 3.351 биле од Битола

09.03.2023 14:44

Провокациите кои ги слушаме последно време посебно преку отворањето на клубови со проверени фашистички имиња да престанат и такви провокации не водат кон градење на иднина. Доблест е да се наведне главата од почит, но и срам, порачаа од денешното чествување на 7.144 македонски Евреи од кои 3.351 биле од Битола...

Поминаа 80 години откако Македонија остана без Еврејската популација. Дури 98 проценти од оваа етничка заедница е уништена во Втората Светска војна. Па затоа тоновите и провокациите кои се пласираат преку именувања на клубови не водат кон прогрес и заедничко живеење. Македонија не смее да трпи никакви притисоци во врска со својата историја. Тоа не се билатерални туку мултилатерални прашања за кои треба да биде загрижен целиот свет, порачаа од Еврејската заедница.

Битола нема никогаш да го заборави тоа злокобно утро кога 973 семејства или 3.351 Евреи со 14 сточни вагони биле депортирани. Првата станица им била логорот кај скопскиот монопол, следната и последна Треблинка.

Во спомен и чест на етничката заедница која замина и никогаш не се врати се одржа комемеморативна програма а пред спомен обележјата се положи свежо цвеќе. На железничката станица оние кои беа дел од маршот на живите положија каменчиња со имиња на битолските Евреи, жртви на Холокаустот.

 

Стевче Митревски