Кина

Си побара од армијата унапредување на способностите во ранг од светска класа

09.03.2023 15:07

Кинескиот претседател Џинпинг бара брзо реформирање на војската до стандард на светска класа...

Кинескиот претседател Џинпинг бара брзо реформирање на војската до стандард на светска класа неколку дена откако министерот за надворешни работи Ганг предупреди на зголемена опасност од судир со Кина доколку САД не ја променат политиката кон Пекинг.

Ставовите беа изнесени на пленарната седница на делегацијата на Народноослободителната војска и Народната вооружена полиција. Џинпинг бара унапредување и на иновациите во научната и технолошката област.