Израел

Лојд Остин во посета на Израел

09.03.2023 15:08

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во посета на Израел. Во земјата се интензивираа протестите против владиниот предлог за реформи во судството...

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин во посета на Израел. Во земјата се интензивираа протестите против владиниот предлог за реформи во судството.

„Имаме заедничка агенда да го спречиме Иран да добие нуклеарно оружје и да ја спречиме неговата агресија, зачувувајќи ги безбедноста и просперитетот на регионот“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

„Одлично е што се вратив овде. Во право сте кога велите дека имаме многу теми за разговор. Ние постојано повторуваме дека сме целосно посветени на безбедноста на Израел“, изјави Лојд Остин, министер за одбрана на САД.

Поради очекувани прекини, состаноците беа преместени во фабрика во близина на аеродромот во Тел Авив.