Култура

Концерт на виолинистката Леиа Зу во Филхармонија

09.03.2023 15:40

Концертот е насловен како „Бедем“, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де – дур и Смфонијата бр. 7 во А – дур од Лудвиг ван Бетовен и два става од композицијата „Robert’s suite“ од македонската авторка Бете Илин кои ќе се изведат премиерно.

Вечерва, со почеток во 20 часот со оркестарот на Македонската Филхармонија ќе настапи светски перспективната виолинистка Леиа Зу од Кина.

Концертот е насловен како „Бедем“, а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де – дур и Смфонијата бр. 7 во А – дур од Лудвиг ван Бетовен и два става од композицијата „Robert’s suite“ од македонската авторка Бете Илин кои ќе се изведат премиерно.

Опусот на македонската композиторка Бете Илин (1982) опфаќа голем број вокални дела (соло песни и хорска музика) и инструментална музика (дела за соло инструменти, за разни камерни ансамбли и симфониски оркестар).

Виолинистката Леиа Зу (2006) дебитирала во Њукасл на четири години. Од тогаш таа настапува со значајни ансамбли и оркестри низ светот. На дванаесетгодишна возраст зад себе веќе имала настапи на најпрестижните сцени во повеќе од 18 земји. Тогаш станува и најмладата уметница што ја застапува британската агенција „Харисон Парот“.