Лазаров ги одбра 16-те за натпреварот со Португалија
На списокот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи со кој состав ќе се спротивстави на Португалија.
На списокот на Лазаров се најдоа: Никола Митревски, Мартин Велковски, Цветан Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев, Мартин Томовски, Никола Маркоски, Филип Кузмановски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, Иван Џонов, Марко Стојковиќ, Петар Атанасијевиќ, Мартин Серафимов, Костадин Петров и Марко Мишевски.
Натпреварот ќе се игра од 19 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ова ќе биде квалификацискиот натпревар од Групата-1 за пласман на Европското првенство 2024.
Двете репрезентации во мечот влегуваат по двете победи во почетни две кола.
