Федерер го напушти Мадрид!
„Им се извинувам на моите фанови, но сакам да бидам што поблиску до својата фамилија. Следните неколку недели сакам да сум крај мојата сопруга, која наскоро ќе треба да се породи“. Вака Роже Федерер се извини за напуштањето на Мадрид и 4-тиот мастерс од серијата 1000 за годинава. Иако важеше за еден од фаворитите и иако е во форма изминатиов период сепак, семејството разбирливо превагна.

Беше дојден Роже во Мадрид по 4-тиот трон по 2006, 2009, 2012-тата, но шпанската метропола ќе почека на човекот кој има оставено длабока бразда во тенисот. Брои 78 победи во кариерата, со брилијантна бројка на 17 грен слема. Со исклучок на Францускиот на кој има славено само еднаш, на останатите три, минимумот е барем четири.
Како стојат работите многу извесно е дека и мастерсот во Рим следната недела нема да биде почестен со присуството на Федерер. Најавуваше дека е можно пропуштање и на Роланд Гарос, поради поклопувањето со терминот на доаѓање на свет на новиот член во семејството Федерер.