Обвинителството бара притвор за две лица осомничени за „грабнување“ на внукот на Љубе Бошкоски
Осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.

Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело „грабнување“ на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски.
Осомничените се изведени пред судија, кој ќе треба да одлучи дали ќе им определи 48-часовен притвор како што побарал обвинителот кој го води случајот.
Истрагата за грабнувањето на Костадиновски ја води МВР во координација со скопското Обвинителство.
Лицето беше пријавено за исчезнато, а потоа започнаа и шпекулации дека е киднапиран. Гласините и информациите допреа до Обвинителството, со што се потврдува дека грабнување имало.
