Свет

Белорусија воведе смртна казна за велепредавство

09.03.2023 20:05

Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денска го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна.

Досега смртната казна се применуваше за злосторства како убиство или терористички акти.

Егзекуциите се извршуваат со еден истрел во задниот дел од главата.