Политика

Прекината собраниската расправа за Извештајот на ЕК

09.03.2023 20:49

За пратениците на власта, во Извештајот се нотирани позитивни поместувања во многу области, а според опозицијата, со вакви оценки и динамика, земјава нема да биде подготвена уште многу долго време да пристапи во Европската унија.

Собраниската седница на која пратениците расправаат за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2022 година попладнево е прекината, а нејзиното продолжение ќе биде дополнително закажано.

Во попладневниот дел од расправата, власта и опозицијата со спротиставени ставови. За пратениците на власта, во Извештајот се нотирани позитивни поместувања во многу области, а според опозицијата, со вакви оценки и динамика, земјава нема да биде подготвена уште многу долго време да пристапи во Европската унија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека разгледувањето на Извештајот доцни пет месеци што според нив говори како власта се донесува кон најважниот документ којшто се однесува на напредокот на земјата во Европската унија. Една од забелешките на опозицијата е и, како што посочија, злоупотребата на европското знаменце при носењето на законите.