Македонија

Антикорупциска комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата

09.03.2023 21:25

Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е дел од ИРД, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори...

Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д што го врши ИРД.

Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е дел од ИРД, имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот Владата ја поништила таа забрана.

Велат дека ќе треба време за да се обезбедат сите документи затоа што се работи за огромен тендер.